IMDB
Во почетокот на 70-тите години е снимен дефинитивно најдобриот советски НФ-филм, кого одреден број обожаватели го ставаат рамо до рамо со 2001:Вселенска Одисеја. Станува збор за филмот Соларис на режисерскиот гениј Андреј Тарковски, снимен во 1972 година. Прв услов за светски успех беше книжевна подлога. Сценариото на филмот е работено според мотивите на истоимениот роман на големиот НФ писател, полскиот автор Станислав Лем. На тој начин се повтори ситуацијата што беше темел и гаранција за успехот на Одисеја. Заедничките напори на врвен медиумски волшебник и врвен жанровски мајстор дадоа плод. За волја на вистината, мора да се каже дека меѓу Лем и Тарковски не постоеше директна соработка. Напротив, тие двајцата веќе на почетокот на снимањето се скараа, така што Лем одби да соработува, а подоцна тврдеше дека немал никаква врска со проектот Соларис, долго време дури и одбивајќи да го погледне филмот. Сепак, кога конечно заклучил дека доволно се лутел и решил да го гледа филмот, на крајотрече само: -Не е лошо. Веројатно на покомплетен комплимент Тарковски не би можел да се надева. Филмот е моќна парабола за човековата незрелост за воспоставување контакт со поинакви раси низ универзумот. Поинаквоста на тој вселенски разум е навистина огромна во Соларис. "Вонземјанинот" е огромен интелигентен океан што нема ама баш никакви антропоморфни црти, освен претпоставениот разум. Околу планетата-океан кружи мала орбитална станица, во која живеат неколку космонаути и сосема безуспешно се обидуваат да воспостават контакт со океанот, кој тие го нарекуваат Соларис. Сепак некаков индиректен контакт постои - Соларис од умовите на космонаутите ги извлекува темните места, оние нешта што секој ги направил, а се обидува да ги заборави. На тој начин океанот им кажува на луѓето дека тие сеуште не се зрели за контакт ни со членовите на сопствениот вид, а камоли со таков поинаков и огромен разум како што е Соларис. Врвот на парадоксот е постигнат кога на човекот со најмалку црни дамки на совеста му се појавува поранешната девојка, која се самоубила поради неговата рамнодушност. Тоа нечовечко битие го врши потребното жртвување, исусовскиот начин на преземање на гревовите о несилните плечи на космонаутот. Таа се самоубива овозможувајќи му на главниот лик да биде сосема исчистен од човечките гревови и на тој начин да стане соодветен за контакт со Соларис. Допирната точка меѓу Одисеја и Соларис е во основната порака, која е всушност варијација на еден мотив што постојано се повторува низ човечкиот митос. За вистински контакт со другото е зрел само тој што како и легендарниот крал на Итака - Одисеј, не е само скитник, туку патник што постојано тежнее да се врати во својот дом.
Language : Russian
English subtitle included (SUB/IDX format)
Video : AVI XviD, 780 Kb/s, 23.97 frm/s, 672x288 (2.35:1)
Audio 1: AC3, 48000 Hz, 192 Kb/s, 1-ch Audio 2: mp3, 48000 Hz, 192 Kb/s, 1-ch (Commentary in English)
File size: 1.37 GB
Password: http://www.avaxhome.ru/
0 comments:
Post a Comment