A Clockwork Orange



"Пеколен Портокал"

Во 1971 година Стенли Кјубрик повторно се определи за книжевна подлога за своето ново дело (покрај Артур Милер-овата 2001:Вселенска Одисеја), и овој пат ја најде во не толку познатиот роман на англискиот писател Ентони Барџис - Пеколен Портокал. Станува збор за антиутописки филм што не лежи на односот на беспомошната единка и тоталитарниот режим. Не, работите во Пеколниот Портокал се малку подлабоки. Филмот е приказна за човековото општество, кое безнадежно се обидува да му се спротистави на инхерентното, интрисично, неискоренливо зло врз кое лежи човековата душа. Следејќи ја основната замисла на Барџис, Кјубрик гради сјајна филмска претстава за невозможноста на вештачко искоренување на злото врз индивидуите. Филмот зборува за садистички злиот тинејџер Алекс (кого извонредно го глуми Малколм Мекдауел), кој е нужен продукт на едно крајно оттуѓено уредување на човековата заедница. Алексовото уживање во оргијастичкото насилство се поттикнува под влијание на најубавите тактови на класичната музика парадокс на крајната алиенираност и изобличеност на сите човекови естетски и морални мерила. Во моментот кога главниот лик ја преминува и последната граница, кога ќе изврши убиство со голема фалусна скулптура, тој паѓа во рацете на полицијата. Наеднаш филмот ја менува перспективата и Алекс се претвора во лабараториско глувче на власта. Тој е подложен на посебна постапка, која би требало кај него да создаде условен рефлекс против злото. Но на тој начин Алекс е уништен само како индивидуал, а злото во него воопшто не е уништено, туку само е поттиснато и заробено. На крајот на филмот, како последица на еден несреќен случај, условниот рефлекс е уништен и злото бесприговорно триумфира. Поентата на филмот воопшто не е да го опише човекот како некаков вид демонско суштество во кое нема ни трошка добро. Сепак, механизмот на основната заштита против непријателската средина, тоа што човекот го бранело и чувало како единка и група, е токму агесивноста, која е во самата негова суштина. Кога не би постоела таа вечна митска борба ние не би биле човекови битија, туку биолошки роботи. Проблемот е во тоа што, под дејство на отуѓеното општество, агресивноста се претвора во зло, беспредметно уживање во насилството.

Info:
http://www.imdb.com/title/tt0066921/


Download:
http://rapidshare.com/files/42269895/clockorangeezportabledl.net.part1.rar
http://rapidshare.com/files/42277993/clockorangeezportabledl.net.part2.rar
http://rapidshare.com/files/42283615/clockorangeezportabledl.net.part3.rar
http://rapidshare.com/files/42429082/clockorangeezportabledl.net.part4.rar
http://rapidshare.com/files/42432263/clockorangeezportabledl.net.part5.rar
http://rapidshare.com/files/42435645/clockorangeezportabledl.net.part6.rar
http://rapidshare.com/files/42441557/clockorangeezportabledl.net.part7.rar

Password:wonton

0 comments: